Ракометарите на Украина славеа против Белорисија со 31-32 во првиот контролен натпревар пред дуелот со Македонија во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Украинците имаа гол предност и по првиот дел од натпреварот(12-11), а позитивата ја задржаа и во второто полувреме во кое и двете селекции постигнаа речиси двојно повеќе голови.
Десното крило на репрезентацијата на Украина, Александар Денисов, постигна девет гола и беше прв стрелец на натпреварот. Левиот бек Вјачеслав Садовој постигна седум, а на другата страна од бековската линија, Станислав Жуков запиша шест.
Украинската репрезентцаија утре ќе одигра уште еден контролен натпревар со Белорусија.
Дуелот од претпоследното квалификациско коло меѓу Украина и Македонија е на 15 јуни во Суми. Во првиот дуел во Скопје, Македонија славеше победа со 27-21.
По четирите одиграни кола, сите четири репрезентации во групата (Чешка, Македонија, Исланд и Украина) имаат по четири бода. Пласман на ЕП 2018 во Хрватска ќе обезбедат првите две селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА