Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ВТА турнирот во Бол, Хрватска, кој се игра за награден фонд од 115.000 долари.
Ѓорческа во втората рунда натпревари во поединечна конкуренција загуби во три сета, 4-6,7-5,2-6, од српската тенисерка Ивана Јоровиќ.
За македонската тенисерка сега останува уште настапот во двојки. Заедно со Бугарката Најденова, како трети носители, во четвртфиналето играат против српско-бугарската комбинација Јоровиќ/ Костова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА