Полјакот Матеуш Захара го засилува Вардар!?

Согласно се погласните шпекулации поврзани со македонскиот шампион, Вардар за новата сезона би можел да биде засилен со полскиот репрезентативец Матеуш Захара од редовите на Висла Краков.

27-годишниот Захара е офанзивец кој досега има два настапи за репрезентацијата на Полска. Изминатава сезона во дресот на Висла Краков настапил на 17 натпревари постигнувајќи три погодоци.

Во Вардар доаѓа како слободен играч иако, според нашите информации, висината на личните финансиски е единствениот услов кој останува за прецизирање пред евентуален договор.

Вардар, за настапите во квалификациите од Лигата на шампионите, досега се засили со младинскиот репрезентативец Висар Муслиу кој дојде од редовите на Ренова.

Се вчитува...