Роналдо најбогат спортист во светот втора година во низа

Кристијано Роналдо е најбогат спортист за 2017 година, според анализата на магазинот „Форбс“. Португалецот остана на врвот, со заработка од 71.8 милиони фунти, втора година по ред. Пред мегаѕвездата на Реал Мадрид да го запоседне врвот, голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер го делеа првото место како спортисти со најголема заработувачка во последните 15 години.

Роналдо и во својата 32. година не престанува со ловот на трофеи. Откако во 2012 година за прв пат ја освои Примера, сега повторно успева да се искачи на тронот на Шпанија, а одбраната на титулата во Лигата на шампионите, беше негова четврта во кариерата. Со тоа стана само шестиот фудбалер со четири европски трофеи. Со ваквиот успех Роналдо има приходи од сите страни, како од бонуси според договорот со клубот, но и од рекламирање на спортски брендови.

На второто место на оваа листа е најдобриот играч на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, со заработка од 66.6 милиони фунти, додека освојувачот на Златна топка од 2015 година, Лионел Меси, е трет, со инкасирани 61.8 милиони фунти.

Поранешните владетели на оваа листа, Вудс и Мејведер, не се најдоа во првите 10. Трикратниот освојувач на УС Опен во голф е 17. на списокот, додека Мејведер воопшто не е на листата, бидејќи немаше ниту еден меч во последните 12 месеци.

најплатени

Се вчитува...