Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Италија до 21 година, Луиџи Ди Бјаџо, го соопшти списокот од 23 фудбалери со кои „аѕурите“ ќе настапат на собирот на најдобрите млади фудбалери на Европа, на кој ќе учествува и Македонија. Впечатокот е дека Италијанците имаат супер-тим, во кој се наоѓаат неколку млади суперѕвезди од Серија А. Пред се фантастичниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, потоа Доменико Берарди од Сасуоло, Федерико Бернардески од Фиорентина, Андреа Конти и Андреа Петања од Аталанта…
Тоа се фудбалери со веќе изграден првотимски статус во италијанските калчолигаши. Ова ја наметнува Италија како еден од сериозните кандидати за освојување на Европското првенство што од 16.до 30.јуни ќе се одржи во Полска.
На списокот на селекторот Луиџи Ди Бјаџо се најдоа следните имиња:
Голмани: Џанлуиџи Донарума (Милан), Симоне Скуфет (Удинезе), Алесио Крањо (Беневенто)
Одбрана: Антонио Барека (Торино), Давиде Бираски (Џенова), Давиде Калабрија (Милан), Матија Калдара (Аталанта), Андреа Конти (Аталанта), Алекс Ферари (Верона), Никола Муру (Калјари), Даниеле Ругани (Јувентус)
Среден ред: Марко Бенаси (Торино), Данило Каталди (Џенова), Роберто Гаљијардини (Интер), Алберто Граси (Аталанта), Мануел Локатели (Милан), Лоренцо Пелегрини (Сасуоло)
Напад: Доменико Берарди (Сасуоло), Федерико Бернардески (Фиорентина), Алберто Чери (Пескара), Федерико Киеза (Фиорентина), Лука Гаритано (Чезена), Андреа Петања (Аталанта).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА