„Романтичарите“ од утре повторно во погон

Македонскиот прволигаш Работнички од утре ги стартува летните подготовки. Обврските со настапот во квалификациите за Лигата на Европа им наложуваат на „романтичарите“ летните подготовки да ги стартуваат мошне рано, а шефот на стручниот штаб Виктор Треневски првата прозивка ја закажа за утре, со почеток во 16 часот.

Планирано е првите неколку дена тимот да работи во Скопје, во својата база, а потоа ќе замине и на летни подготовки во Словенија. Првиот дел од подготовките ќе го пропуштат фудбалерите кои имаат репрезентативни обврски во националните селекции.

  

Се вчитува...