Арсенал сака прв да стигне до Лаказет

Англискиот премиерлигаш Арсенал наддава вртоглави суми за Килијан Мбапе, напаѓачкото чудо на Монако, но исто така има и огромна конкуренција во трката за овој млад фудбалер. Токму затоа менаџерот Арсен Венгер работи и на можноста да го доведе Александре Лаказет, напаѓачот на Лион, кој најави дека ова лето ќе го напушти францускиот клуб. Тој беше речиси договорен за трансфер во Атлетико Мадрид, но потоа дојде одлуката од ЦАС дека шпанскиот клуб и понатаму ќе има забрана за трансфери.

Ова ја отвори шансата за другите европски клубови да се обидат да стигнат до Лаказет, а раководството на Арсенал е подготвено да плати 50 милиони евра и да го доведе на „Емирати“. Сепак, во трката се уште и Манчестер јунајтед, Интер и Јувентус.

Се вчитува...