Тренерот на Вардар Раул Гонзалес го предводеше Вардар до сензационалниот успех, до првата шампионска титула во Европа. И по пристигнувањето на шампионите на скопскиот Аеродром „Александар Велики“ , шпанскиот стратег истакна дека најголемата заслуга за успехот ја имаат играчите.
„Ова е титула за Македонија. Среќни сме што успеавме. Во Келн игравме против најсилните противници и бевме подобри. Играчите дадоа се од себе, беа одлични и залугата е нивна“ – скромно истакна тренерот на Вардар.
Вардар во својот прв настап на Ф4 турнирот во Келн ја освои европската титула. Македонскиот шампион е на врвот на Европа како вкупно 13-освојувач на престижниот пехар во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА