Многу великани во најпопуларниот спорт ја освојувале Лигата на шампиони, но има и легенди кои никогаш не се радувале на европскиот пехар. Има фудбалери од врвна класа, но за жал никогаш не се радувале на ‘пехарот со уши’. „Скај Спортс“ направи ‘дрим – тим’ од фудбалерите кои во својата колекција го немаат трофејот во елитното европско клупско натпреварување.
На голот најдобриот, но и најмалерозниот чувар на мрежата, Џанлуиџи Буфон, кој го загуби своето трето финале во кариерата. Пред него тројца „џинови“, Лилијан Турам, Лотар Матеус и Фабио Канаваро.
Средниот ред го сочинуваат исто така тројца големи мајстори. Легендата на Арсенал, Патрик Виера, и во минатото неговиот во Арсенал, Цеск Фабрегас, кој сега го носи дресот на Челси. Тие се во придружба на уште еден поранешен фудбалер кој играл во Премиер – лигата, Михаел Балак.
Навалната линија и не можеше да биде подобра. Франческо Тоти, Денис Беркамп, Златан Ибрахимовиќ и „ил феномено“ Роналдо го комплетираат составот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА