Младиот француски суперталент Осман Дембеле одлучил да го напушти Дортмунд по само една сезона, а главна причина за тоа е отказот на Томас Тухел, пишуваат германските медиуми. Ова се добри вести за Барселона, која не успеа да го ангажира Французинот минатото лето, кога тој одлучи да потпише за „милионерите“.
Засега нема официјална понуда од каталонскиот клуб, но јасно е дека Дембеле ќе биде една од главните цели на новиот тренер Ернесто Валверде. Со оглед дека Борусија Дортмунд плати само 15 милиони евра за поранешниот играч на Рен, би можеле многу да заработат на негова продажба.
Дембеле во првата сезона ја воодушеви германската публика, но имаше одлични настапи и во Лигата на шампиони. Во финалето на Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт беше прогласен за играч на натпреварот, а со 10 погодоци и 21 асистенција беше еден од носителите на тимот во текот на целата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА