Поранешниот лев бек на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, ја насмеа јавноста со интересна изјава по синоќешниот ревијален меч во чест на Мајкл Керик. Некогаш најдобриот на својата позиција изјави дека нема да се пензионира во скоро време, а причина за тоа се неговите 24 браќа и сестри, за кои треба да обезбеди храна.
„Се надевам дека Керик ќе продолжи да игра како мене, без разлика колку години има. Јас се уште играм бидејќи морам, морам да трчам за да ги нахранам моите 24 браќа и сестри“ – изјави 36-годишниот Французин.
На ревијалниот натпревар главни актери беа „класата“ на Јунајтед од 2008 година во која беше и Мајк Керик, а на клупата нормално, Сер Алекс Фергусон. Нивни противници беа поранешни ѕвезди на англискиот фудбал.
Евра од минатото лето игра за Олимпик Марсеј, по тригодишен престој во Торино и 53 настапи за Јувентус, а претходно долги години беше член на Манчестер јунајтед. Искусниот лев бек се уште е дел од француската репрезентација, и нема намера да ја прекине кариерата во скоро време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА