ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски, Игор Паневски
Вардар има еден гол негатива по првите 30 минути од големото финале на Ф4 турнирот од Лигата н ашампионите во Келн. Вардарци во поголемиот дел диктираа темпо и беа во предност, но во финишот парискиот тим успеа да го преземе водството и на одмор да замине со гола предност.
По стартното надмудрување, вардарци направија серија од 3-0 и поведоа со 2-5. Проверената одбрана 5-1 на „црвено-црните“ со Ѓоан Канелјас напред и Арпад Штербик во свој стил го сопреа налетот на ПСЖ и му донесоа предност на Вардар во првата четвртина од натпреварот. На спротивната страна одбраните на Тиери Омејер го дрежеа францускиот тим во игра. ПСЖ се врати на еден гол негатива намалувајќи на 4-5. Но, Вардар ја имаше иницијативата и го диктираше темпото. Тимур Дибиров со два гола во серија одново го однесе Вардар на +3 (4-7) во моментите кога макеоднскиот шампион беше со играч помалку на терен. Брзо возврати Лук Абало во следниот напад, а Никола Карабатиќ одново намали на еден гол негатива (6-7).
Со максимално борбена и дисциплинирана игра, макеоднскиот шампион одржуваше 1-2 гола предност, поентирајќи од сите позиции. Осум играчи на Вардар се запишаа во листата на стрелците во првите 30 минути од натпреварот. Одговорноста во нападот на ПСЖ ја носеше Никола Карабатиќ кој беше и најефикасен играч на фреанцускиот тим во овој дел со максимални три од три.
На две минути пред крај на првиот дел, Карабатиќ изндуи седмерец, а Микел Хансен беше прецизен и по подолго време му донесе изедначување на ПСЖ на 10-10. Лука Циндриќ одново го врати Вардар во водство, но Недим Ремили ја искористи својата шанса за ново изендачување на 11-11 на стартот од последнбата минута. А, на неколку секунди пред крај Лука Степанчиќ првата контра на ПСЖ ја претвори во водство на францускиот тим од 12-11.
Раул Гонзалес побара тајм-аут на пет секунди пред крај, но нападот на вардарци заврши во рацете на концентрираниот Омејер кој ја запиша осмата одбрана, а ПСЖ на одмор замина со минимална предност од 12-11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА