ЕКИПА во Келн,Стеван Цаневски, Игор Паневски
Илија Абутовиќ е столбот во одбраната на Вардар, синоним за борбеност и истрајност кога е најпотребно. Токму одбраната и овој пат беше една од сигурните карти на која што играше Раул Гонзалес и што му донесе победа во полуфиналето со Барселона на Ф4 турнирот во Келн.
„На почетокот бевме малку нервозни, нервозно влеговме во натпреварот, но како што одминуваше времето, полека се прилагодувавме. Бевме добро подготвени за овој натперевар. Знаевме дека ќе биде тешко. Ја игравме нашата одбрана 5-1, она што го играме во последно време. Мислам дека добро ја увежбавме, Арпад беше одличен на голот, се боревме, нападот добро функционираше и на крај се радувавме. Сега сме пресреќни и го чекаме финалето“ – истакнува Илија Абутовиќ.
Во мечот за титулата вардарци денеска ги очекува уште еден тежок дуел и уште еден исклучително силен противник, францускиот ПСЖ. Ако Вардар успее да го сопре опасниот напад на Французите со Карабатиќ, Хансен, Нацис…тогаш можно е „црвено-црните“ да напрват уште една сензација во „Ланксес Арена“.
„Финале е финале. Се е отворено. Ова го чакаме сите и се најдевам на најдобро“ – вели одбранбениот играч на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА