Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска овозможи последна шанса за генерацијата фудбалери 1996/97 преку меѓусебен тест натпревар, кој се одигра на игралиштето на ФФМ, да се изборат за последните места за пат на Европското првенство во Полска.
Како што истакна и претходно, Милевски денеска ‘селектираше’ за последените седум имиња кои ќе патуваат на ЕП во Полска од 15. јуни, но избираше и за костурот на тимот кој ќе треба да ја носи новата генерација во квалификациите за ЕП 2019 кои стартуваат од септември.
Согласно очекувањата, на претходно веќе определените 17 фудбалери кои ќе патуваат на ЕП во Полска, од оваа генерација 1996/97 се очекува од денеска да се приклучат уште и Елиф Елмас од Работнички, Алекса Амановиќ од Јавор, Србија, Тихомир Костадинов од Злате Моравче, Словачка, Петар Петковски од Вардар, Јован Попзлатанов од Пелистер… Но, последно збор секако останува на Благоја Милевски.
Младата репрезентација на Македонија која ќе не претставува на ЕП во Полска денеска го има својот прв собир, од 17 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
[new_royalslider id=”674″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА