ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски, Игор Паневски
Алекс Дуѓебаев посака од Вардар да се прости со шампионска титула во Лигата на шампионите. Првиот голем чекор кон целта е направен, Вардар ја победи барселона и во својот деби настап на Ф4 турнирот во Келн ќе игра во големото финале. Историски натпревар за „црвено-црните“, но и за цела Македонија.
„Сега само ни недостасува последниот натпревар. Ова ќе биде најважниот натпревар, ова ќе биде историски ден за нас и за цела Македонија. Македонската публика да навива за нас, цела Макеоднија нека навива, тие се нашата најголема поддршка“ – порача Алекс Душебаев по големата победа на вардарци за финале во Лигата на шампионите.
За неполни 24 часа, Вардар го очекува новиот најголем предизвик, Парис сен Жермен во мечот за европската титула.
„Цел месец се подготвувавме за Барселона, од денеска мора да мислиме на ПСЖ и да мислиме на големото финале. Имаме малку време да се одмориме најдобро што можеме и да се подготвиме за утрешното финале и да играме со срце како и секогаш“ – вели Душебаев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА