Мареј во третото коло, Бушар во „аут“ од Ролан Гарос

Најдобриот светски рекет, Британецот Енди Мареј, се пласира во третото коло на гранслем турнирот Ролан Гарос што се игра на терените во Париз. Тој во втората рунда го совлада Словакот Мартин Клижан со 3-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-2, 7-6). Иако противникот го изненади освојувајќи го првиот сет, Мареј се созеде и успеа сда ги освои наредните три сета, за сигурен триумф.

Елиминација доживеа Томаш Бердих, кој загуби со максимални 3-0 во сетови (7-5, 6-4, 6-4) од Русинот Карен Качанов.

Во женска конкуренција, елиминирана е канадската тенисерка Еугени Бушар. Таа загуби од Летонката Анастасија Севастова со 2-0 во сетови (6-3, 6-0).

Се вчитува...