„Сигурно ќе бидеме подготвени, ќе видиме колку можеме да одговориме. Она што цела сезона функционираше добро, одбрана на голмани и брза транзиција и сега би требало да биде наша одлика. Со постигнување на лесни голови би ни било полесно. Но, Барселона е добра и знае што игра во секој момент. Ќе биде тешко, се мора да изгледа соврешено. Во главите сме спремни дека треба да дадеме максимум без разлика колку ќе игра некој, и да се подредиме на екипата. Само така може да се победи Барселона и да влезе во финалето. Вервам дека коцките ќе ни се наместат“ – вели Чупиќ, притоа дополнувајќи:
„Нашата подготовка и здравје ќе бидат најважни. Барселона е квалитетна и искусна, а ние две недели се подготвуваме за тој дуел. Како што игравме досега, тимски и одбрана и напад, треба да продолжиме. Како на и секој Ф4, и сега ќе решаваат детали, се надевам и малку среќата ќе не следи. Би сакал и голманите да бидат на ниво. Сетоа тоа ќе ни оди во прилог“.
Натпреварот меѓу Вардар и Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн се игра во сабота од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА