Серхи Роберто требаше да го има својот камбек во шпанската репрезентација на претстојниот дуел со Македонија. Сепак, десниот бек на Барселона нема да настапи на дуелот во Скопје по повредата што ја заработи пред крајот на натпреварувачката сезона. Роберто се повреди пред дуелот со Еибар во последното коло, па иако се обиде да се рехабилитира навреме за да настапи за националниот тим, тој доби зелено светло за враќање во тренинг-центарот на Барселона.
Лекарот на шпанската репрезентација, Рикардо Пруна, потврдил дека нема никакви шанси за негова рехабилитација во следните десетина дена, по што Роберто го напуштил тренинг-кампот на репрезентацијата. Улогата на стартер десен бек на „црвената фурија“ во Скопје најверојатно ќе му припадне на Дани Карвахал, кој се рехабилитираше од својата повреда и ќе настапи за Реал на претстојното финале од Лигата на шампионите против Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА