Пјер Емерик Обамејанг ќе биде „трансфер-бомбата“ на Пари сен Жермен откако францускиот вицепрвак го договори ангажманот на Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд. Извонредниот голгетер на Борусија во изминатиот период беше поврзуван со бројни гиганти ширум Европа, но ПСЖ успеа да излезе како победник од трката по голгетерот од Габон, плаќајќи ја сумата од 70 милиони евра што тимот од Дортмунд ја бараше за својот најдобар стрелец.
Француските медиуми јавуваат дека по договорената отштета, ПСЖ добил зелено светло за да ги договори личните услови со самиот фудбалер. Тоа не би требало да биде никаков проблем со оглед на фактот дека „светците“ ќе му понудат на Обамејанг плата од огромни 14 милиони евра по сезона.
ПСЖ претходно беше поврзуван и со Алексис Санчез, но откако чилеанскиот интернационалец децидно ја одби нивната понуда погледите беа насочени кон Обамејанг. Африканскиот голгетер ќе биде дополнително засилување за навалната линија, каде за партнер ќе го има извонредниот Единсон Кавани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА