Чудна повреда го затекна Јувентус пред финалето во ЛШ

Екипата на Јувентус ја затекна чудна повреда пред големото финале во Лигата на шампионите. Се повреди тренерот Масимилјано Алегри…

За време на хуманитарен натпревар кој го организираше Алесандро Дел Пјеро, Алегри на терен мина само 15 минути, но се повлече откако се повреди.

„Не се шегувам. Се забавував, малку фудбал, и се повредив. Сепак, за среќа не е нешто сериозно, благо истегнување и ќе може да си бидам покрај аут линијата во големото финале од Лигата на шампионите. Но, ова е добра поука. За жал, не може да се оди против годините“ – изјави по ревијата, Алегри.

Финалето од ЛШ меѓу Јувентус и Реал Мадрид се игра во сабота, 3. јуни, во Кардиф.

Се вчитува...