Тухел веднаш со нов ангажман во Бундес-лигата

Томас Тухел само три дена по освоениот пехар во Купот на Германија доби отказ од Борусија Дортмунд, но овој квалитетен стратег без никакви проблеми ќе најде нов ангажман. Впрочем, тој веднаш доби примамлива понуда за да остане во Бундес-лигата, и тоа како тренер на Баер Леверкузен.

„Фармацевтите“ имаа сезона за заборав во која по бројните порази беа принудени во самиот финиш да се борат за опстанок во елитта. По отказот на Роџет Шмит ниту Тајфун Коркут не се снајде најдобро на клупата на оваа екипа. Директорот Руди Фелер веќе стапил во контакт со Тухел, а како што јавуваат германските медиуми договорот ќе биде потпишен веднаш откако овој тренер ќе се договори со Борусија околу „пакетот за отпремнина“ што „милионерите“ треба да му го исплатат за врачениот отказ.

Што се однесува до Борусија Дортмунд, главен фаворит за тренерската улога во оваа екипа е Луцијан Фавр, кој сезонава со Ница стигна до одличното трето место во француското првенство.

Се вчитува...