Волфсбург успеа да обезбеди опстанок во Бундес-лигата откако поранешниот првак на Германија во баражот беше поуспешен од Брауншвајг. По победата на првата средба на домашен терен од 1-0, тимот на Волфсбург повторно стигна до идентичен триумф, со што дојде до билет за натпреварување во елитното германско фудбалско друштво и за следната сезона.
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Виеириња, кој со силен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата, негов прв гол за Волфсбург по ноември 2015 година.
Vieirinha with an absolute rocket to make it 1-0 (2-0 agg) in the Bundesliga Relegation Playoff pic.twitter.com/wgiuq8YOF3
— AFCDavid (@_AFCDavid) May 29, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА