Холандскиот интернационалец Кевин Стротман го продолжи договорот со Рома до 2022 година. Само еден ден по завршувањето на шампионатот во Серија А, новиот спортски директор Мончи го убеди Стротман да остане во редовите на „волчицата“ уште пет сезони, со оглед дека имаше понуда и за преселба во редовите на Интер.
„Ова е посебен ден за мене. Останувам уште пет сезони во Рома, и се надевам дека во наредниот период заедно ќе оствариме големи нешта“, изјави Стротман, кој дојде во 2013 година на „Олимпико“, но долго се мачеше со повреди.
27-годишниот Холанѓанец има одиграно вкупно 86 натпревари за Рома и постигна 12 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА