Македонскиот младински репрезентативец Марјан Радески очигледно се враќа во добро посакуваната форма, онаа по која домашната фудбалска јавност го препознаваше на почетокот од сезоната. Сето тоа, без сомнение, на задоволство и на селекторот Благоја Милевски кој сигурно ќе смета на Радески на престојното Европско првенство во Полска.
По претходните два погодоци на дуелот со Работнички, Марјан Радески со хет-трик го заокружи вчерашниот првенствен натпревар против Ренова. Три погодоци запиша Радески за Шкендија во голеадата (4-4) против „гипсарите“ во мечот кој беше сосема резултатски безначаен и за двата тима.
Во секој случај, петте погодоци на последните два меча се добра најава крилниот офанзивец пред собирот за најголемиот фудбалски настан кој македонскиот фудбал го имал во својата историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА