Прилепска Победа го слави опстанокот во Првата лига на Македонија откако триумфираше во претпоследното коло од шампионатот со 0-3 на гостувањето против Раб0тнички во Скопје.
Сето тоа дополнително заокружени и со поразот на Шкупи од 1-0 во Кратово од Силекс, по што Победа има недостижни пет бода предност за чаирчани кои ќе мора да играат бараж за останување во прволигашкото друштво.
А, Победа триумфот го најави со голот на капитено Гешоски во 15. минута…
Потоа, во второто полувреме, Станиќ погоди во 60. минута за 0-2…
За да конечните 0-3 ги постави Шаркоски во 84. минута…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА