Францускиот клуб Пари Сен Жермен ја загуби битката за шампионската титула во домашното првенство со Монако, и тоа е „кикс“ кој нема да му биде простен на сегашниот стратег Унаи Емери, иако синоќа „светците“ го освоија Купот на Франција. Како нов предводник на ПСЖ за следната сезона, француските медиуми го најавуваат тренерот на Спортинг Лисабон, Жорге Жесус.
Пари Сен Жермен е подготвен да плати и 15 милиони евра отштета на Спортинг Лисабон за да го ангажира Жорге Жесус, со оглед дека тој има актуелен договор уште две години со португалскиот клуб. Сепак, претседателот Насер Ал – Келаифи е решен да направи коренити промени и веќе следната сезона да ја врати шампионската титула на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА