Првиот светски рекет, Енди Мареј може да го пропушти настапот на Ролан Гарос што стартува во недела. Британскиот тенисер повторно има здравствени проблеми со вирусот што го мачи во изминатите неколку месеци.
Според информациите што ги пренесуваат француските медиуми, Мареј е под терапија со антибиотици и прашање е дали за неколку дена ќе биде подготвен да игра.
Водечкиот тенисер на АТП листата, поради ова врусно заболување пропушти неколку турнири во февруари, а не настапи ни на четвртфиналето до Дејвис Купот против Франција, во март.
Настапот на Ролан Гарос претходно го откажа и Роже Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА