Јувентус го одреди наследникот на Буфон

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон најави дека ќе замине во пензија по Светското првенство во Русија во 2018 година, а тоа значи дека и Јувентус мора полека да го бара неговиот наследник на голот. Се чини дека „старата дама“ веќе го направи својот избор, со оглед дека ова лето ќе се обиде да го ангажира 20-годишниот Алекс Мерет, голманот на Удинезе, кој минатата година ја мина на позајмица во Спал.

Мерет со овој тим успеа да влезе ви Серија А, а одличните настапи на голот на досегашниот второлигаш му донесоа дури и повик во репрезентацијата на Италија. Медиумите на Апенините тврдат дека Мерет многу брзо би можел да пристигне во Јувентус, една година да учи од легендарниот Џиџи Буфон, а потоа и да го наследи на голот на италијанскиот шампион.

Јувентус беше заинтересиран и за Џанлуиџи Донарума, младиот голман на Милан, но повеќе од сигурно е дека тој нема да одлучи да се пресели во Торино.

 

Се вчитува...