По уште една сезона во која Шкендија не успеа да стигне до шампионската круна, а притоа губејќи ја и титулата во Купот на Македонија, главниот финансиер на клубот Лазим Дестани преку свое обраќање до навивачите и фудбалската јавност посочи дека во моментов течат консултации на повеќе нивоа пред да следи конечната негова одлука што и како понатаму со клубот.
Во подолго обраќање, Дестани нагласи дека ја разбира разочараноста на навивачите од резултатите на тимот, кои секогаш сакаат Шкендија да ја видат на врвот.
„Сите кои веруваат во нашето водство и нашите капацитети, со право очекуваат подобри резултати. Шкендија е богатство и гордост на многу генерации во Тетово кои секогаш го посакуваат најдоброто за клубот. Ние го почитувавме и барањето на сите навивачи и пред се ‘Балистите’ да бидеме спонзори на Шлендија и со сето срце се впуштивме во таа авантура. Но, изминатиов период имавме двојни загуби, и од финансиски аспект, и од резултатски аспект на гордост и радост“ – вели меѓу другото Дестани во своето соопштение и дополнува:
„Денеска, стојам пред предизвикот и големо прашање – што следно со Шкендија?! Со децении, нашето бизнис патување на компанијата низ целиот свет е полно со предизвици и жртви, но знаеме само за успех. Во принцип, никогаш не се откажуваме од предизвиците. За нас неуспех не е опција, желбата е како спонзори на Шкендија овој принцип на посветеност да се втемели во клубот. Нашата одлука за финансирање на Шкендија беше од благородна цел да се помогне на спортот. Во текот на овие четири години јас единствено го финансирав клубот, без интервенции во внатрешното управување со клубот, оставајќи клубот сам да изгради професионална автономија во управувањето. Сепак, успехот изостана и на некој начин ние како компанија чувствуваме одговорност. Затоа, ова непријатно чувство на наш врши притисок дали да се продолжи понатаму, или како понатаму! Оставив овие денови да се направат некои подетални консултации, и понатаму да одлучиме за нашите следни чекори!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА