Натпреварот на Вардар против Вардар СЦБТ во кој вардарки со убедлив триумф (54-24) ја прославија новата шампионска титула, воедно беше и проштален за шест ракометарки од актуелниот состав на „црвено-црните“. Со двојна круна на домашна сцена и со вицешампионска титула во Лигата на шампионите од Скопје си заминуваат Ања Алтхаус, Сања Дамњановиќ, Камила Херем, Тамара Мавсар, Мајса Песоа и Дијана Илина.
По доделувањето на медалите, на овие шест ракометарки, од Вардар им беа доделени пригодни подароци и врамени дресови од од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА