Кога и непријателот те почитува: Тифозите на Лацио го поздравија Тоти

Досега невидена ситуација, навивачите на Лацио вчера истакнаа транспарент со порака за Франческо Тоти на мечот меѓу Лацио и Интер. Рома најверојатно ќе се раздели со Тоти следната недела на распродадениот „Олимпико“, но вечните ривали на „волчицата“ ја искористија шансата на нивниот последен меч на домашен терен за оваа сезона, да испратат порака до легендарниот Тоти која гласи: Доживотните непријатели го поздравуваат Франческо Тоти!“

Ваквиот потег на тифозите на Лацио заслужува огромен респект, и дава нова димензија во убавината на спортот и она што претставува фудбалот во Италија.

laciotifosi

Се вчитува...