Буфон: Воопшто не е лесно цело време да се победува…

Џанлуиџи Буфон не го криеше задоволството по најновиот успех на Јувентус, шестото скудето во низа за најтрофејниот италијански клуб со кој „црно-белите“ ја комплетираа и третата двојна круна во серија, нешто што не му успеало никогаш претходно на некој друг тим.

Победивме повторно, за рекорден шести пат. Сепак, сакам да биде јасно дека воопшто не е лесно да се победува. Многумина во изминатиот прриод говореа за лесни победи, неконкурентна лига и манифестирање на супериорност. Јас не се согласувам, тоа се само зборови на оние кои никогаш не освоиле ништо како даваат банални коментари за оние кои успеале. Точно е, бевме фаворити поради успесите од претходните години, но воопшто не е лесно цело време да се победува. Сите екипи играат најмотивирано против шампионот, имавме низа тешки пресметки низ сезоната, но на крајот успеавме да стигнеме до титулата“ – истакна Буфон, еден од шестмината фудбалери на „старата дама“ кои ги освоија последните шест скудета, заедно со Кјелини, Барзалји, Бонучи, Лихтштајнер и со Маркизио.

Тој не ја пропушти и можноста да се пофали дека ова беше негово јубилејно десетто скудето во кариерата, иако две се поништени од страна на Италијанската Фудбалска Федерација поради скандалот „Калчополи“.

Имам шест скудета во низа, вкупно десет во кариерата. Точно така, десет… не се срамам, сите до едно ги освоив на теренот. Италијанската Федерација, лигата и википедија не можат да ми го одземат она што знам дека е мое. Нема да дискутирам за судиии, судови и закони, никој не може да ми го одземе правото да ги чувствувам тие титули за свои“ – вели Буфон.

Фантастичниот голман својата големина ја потврди во 2006 година, кога по Калчополи скандалот голем дел од „ѕвездите“ на Јувентус решија да го напуштат тимот. Тој беше еден од ретките кои останаа, што само го прави задоволството при денешните рекорди уште поголемо.

Чувствувам огромна гордост од она што го изградив и освоив на теренот со Јувентус. Никогаш сам, секогаш тимски. Гордост што ја чувствувам секогаш кога ќе се сетам на летото 2006. Никој никогаш не им замери на оние кои решија да бидат дел од егзодусот. Сепак, дел од нас останаа со една желба – да ја сменат историјата. Поточно решеноо, да испишат нова историја. Никој како нас. Никој пред нас. Се сеќавам на Недвед, Дел Пјеро, Трезеге, Каморанези… избравме да останеме, да го испочитуваме овој дрес, клубот, навивачите… загубивме многу работ, но добивме нешто што никој друг го немаше – почит и љубов како никогаш досега. Еве сме сега, Јувентус пак доминира, но најдоброто од се е што – ова не е крајот“ – порачува гордо Џанлуиџи Буфон.

  

Се вчитува...