Откриени новите дресови – Кого ќе носи Барса на градите?

Иако се уште нема официјална промоција, во јавноста се појавија фотографии од новите дресови на Барселона за сезоната 2017/2018. Новиот дрес на Барса има нов дизајн поразличен од тие досега, но има и нов главен спонзор.

barsa dres 3

На местото на катарската авиокомпанија „Катар ервејс“, играчите на Барселона во следните три сезони на градите ќе го носат логотипот и името на јапонскиот интернет гигант „Ракутен“. Цената на новиот спонзорски договор е 50 милиони евра годишно.

barsa dres 02

Што се однесува до дизјанот, првиот дрес на Барселона е со традиционалните бордо-сини линии, но сега тие се во комбинација на потенки и пошироки линии. Додека,вториот и третиот сет дресови што ќе ги носи Барселона во наредната сезона се еднобојни, едните се црвени, другите светлосини.

barsa novi dresovi

Официјалното претставување на дресовите на Барса за следната сезона е закажно за 29 мај, два дена по финалето во Купот на кралот.

Се вчитува...