Подолг период се подготвуваше за шампионско славје и конечно Ријека може да прослави шампионски трофеј во Хрватска.
Во 35. коло од првенството на Хрватска, на едно коло до крајот, со триумфот од 4-0 против Цибалија на својата „Рујевица“, Ријека се промовираше во нов хрватски шампион.
Тимот на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута сосема заслужено сезонава стигна до круната за која сонуваше целиот град.
Вистинска фешта се случуваше денеска на Јадранот каде популарната „Армада“ славеше и на самиот стадион, во неговата околина но и насекаде ширум градот.
Официјално, фудбалерите на Ријека трофејот ќе го добијат на 27. мај во последното коло на „Максимир“ по дуелот со Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА