Ракометарките на Вардар без проблеми ја демонстрираат својата доминација на домашната сцена, па веднаш по освоениот пехар во Купот на Македонија „црвено-црните“ попладнево стигнаа и до убедлива победа во полуфиналето од плејофот. За ривал ја имаа екипата на Куманово, која немаше никакви шанси да ги запре налетите на актуелниот првак, па мечот на крајот заврши со преубедливи 35 гола разлика (54-19).
„Црвено-црните“ одиграа беспрекорно во нападот, а 54-те постигнати погодоци се најдобар доказ за немоќта на кумановки да ги запрат налетите на огромниот фаворит.
Сара Ристовски и Андреа Човиќ со по 11 гола беа најефикасни на натпреварот, а десет пати меѓу стрелците се запиша Хмирова.
Бранителките на трофејот за ривал во утрешното финале ќе го имаат подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Металург и Вардар СЦЈС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА