Поранешниот македонски репрезентативец Баже Илијоски се запишува во историјата на македонскиот фудбал, сега и како осамен рекордер по бројот на постигнати голови во шампионатите од македонската Прва лига!
Со денешниот погодок во ремито (3-3) на Пелистер на гостувањето против Силекс во Кратово, Баже Илијоски стигна до бројката од вкупно 126 гола со што го надмина легендарниот Зоран Бошковски – Чоко кој имаше 125 гола во својата кариера на домашната прволигашката сцена.
Илијоски, како што е познато, најголемиот број од головите ги постигна во дресот на Работнички, дел во Металург а последните од оваа сезона за Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА