Пред денешниот четврти меѓусебен натпревар од финалната серија за титулата во Македонија не престанува преписката, преку соопштенија на финалистите. Повторно пред јавноста се огласија од Карпош соколу кои одговорија на претходното соопштение од МЗТ Скопје.
Соопштението од Карпош соколи до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:
Изненадени сме што луѓето кои го предводат КК МЗТ Аеродром се почустуваа повикани од нашето соопштение и го нападнаа нашиот клуб, обидувајќи се да го релативизираат влијанието на судењето врз резултатот во досегашните три финални средби од плејофот.
КК Карпош Соколи во своето соопштение во ниту еден момент не го спомна МЗТ Скопје, иако воопшто не се чувстувавме пријатно кога на нашата публика не и беше овозможено да седи позади клупата на тимот за кој навива, како што ние им дозволуваме во „Борис Трајковски“. Уште повеќе нѐ навреди што „оправданието“ наивно го побараа во одлукта на редарската служба поради безбедносни причини, небаре ние сме толпа на хулигани. Огорчени сме и од неспортско скандирање на публиката и навредите од нивите играчи кон сите нас, почнувајки од играчите „Лабовиќ свињо“, „Бојан мајмуне“ , „Мавра усташу“, преку расистичките дофрлувања кон Кендрик Пери, па преку тренерите и нивните семејства, за да завршат со навреди кон нашиот градоначалник.
Што се однесува до судискиот критерум, кој недвосмислено го фаворизира нивниот клуб, ја информираме спортската јавност за следните генерални констатации, истовремено прашувајќи ја судиската комисија при МКФ:
- Дали играчите на МЗТ, Лалиќ и Мијатовиќ, поставиле еден правилен блок при играта два на два или цело време се движат во блокот и прават нерегуларни блокади, кои согласно правилата на кошаркарската игра задолжително се санкционираат со фаули во напад. При една блокада Лалиќ, директно со лакт во лицето дури и го нокаутираше Зековиќ. На овој начин нивните бекови прават огромна предност.
- Дали играчот на МЗТ, Мијатовиќ игра регуларна одбрана над Бојан Трајковски, цело време држејќи го со раце, небаре е кружен напаѓач во ракомет или боксер во тешка категорија, кој спасот во својата инфериорност го бара држејќи го со раце противникот во „клинч“, недозволувајќи му на Трајковски не само да прими топка, туку воопшто слободно да се движи.
- Дали е нормално МЗТ Скопје во континуитет да шутира десетина слободни фрлања повеќе во однос на К. Соколи?
- Зошто не се санкционирани т.н. „флопинзи“ на Мијатовиќ и Синовец, туку само на нашите играчи?
- Колку пати и во кое својство Видоја Секулоски влегува на терен да прави притисок врз арбитрите?
- Дали некогаш било фрлено со тврди предмети кон клупата на МЗТ Скопје кога гостувал во нашата сала!?
Да потсетиме дека нашите тренери беа погодени со парички во пределот на главата на последниот натпревар, што се санкционира со суспендирање на домашниот терен. Во случајов немаше ни опомена, ни пријава од првиот судија. Дали нашите судии со знакот на ФИБА не ги санкционираат ваквите нерегуларни блокади и одбрани кога судат меѓународни натпревари или тогаш се свесни дека самите ќе бидат санкционирани и судат доследно спроведувајќи ги кошаркарските правила. КК Карпош Соколи единствено бара објективен и изедначен спортски критериум, во согласност со правилата кои се спроведуваат во кошаркарска Европа, па нека подобри подобриот!
На крајот, сакаме јавно да им кажеме на нашите спортски ривали, дека нашата спортска култура никогаш нема да ни дозволи да ги навредуваме играчите на МЗТ, ниту нивната управа, ниту да го навредуваме нивниот градоначалник. МЗТ Скопје доминираше во македонската кошарка изминатите пет години и секогаш на секој нивни успех од срце сме им го честитале. Оваа година, Карпош Соколи веќе ја има науспешната сезона, освојувајќи го Купот на Македонија, а доколку МЗТ Скопје спасот на сезоната го бара во шампионатот, ќе им дозволиме да победат, но само нека биде тоа спортски, а не на ваков начин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА