Вардар како апсолутен фаворит во пресрет на завршниот турнир од Купот на Македонија очекувано лесно стигна до петтиот трофеј во ова натпреварување, откако во финалето рутински славеше над Металург. „Црвено-црните“ се закитија со големиот пехар, а воедно добија и неколку индивидуални признанија, па така Александра Лакабрер беше избрана за МВП, додека Сара Ристовска ја доби наградата за најдобар стрелец на завршниот турнир.
Македонската репрезентативка од Металург, Матеја Серафимова, го доби признанието за најдобар голман на овој турнир, како мотив повеќе пред претстојните квалификациски настапи со нашиот национален тим.
[new_royalslider id=”648″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА