Барселона ќе остане без главните трофеи оваа сезона, доживеа елиминација во ЛШ, а на прагот е да го загуби и шампионскиот пехар во Шпанија од лутиот ривал Реал Мадрид, па каталонскиот гигант ќе тргне во реформирање на составот за следната година. Најавени се неколку заминувања, а раководството на клубот полека ги ‘пикира’ и новите можни засилувања. Според медиумите на Островот, една од желбите на Барселона е Муса Сисоко, францускиот интернационалец од редовите на Тотенхем.
Тој дојде на „Вајт харт лејн“ минатото лето од Њукасл за сума од 30 милиони фунти, но не се наметна како стандарден првотимец во составот на Покетино. Сепак, неговите квалитети се неспорни, тој беше еден од најдобрите фудбалери на Франција на минатото Европско првенство, а Барселона во него гледа наследник на португалскиот интернационалец Андре Гомеш, кој не се снајдобро на „Камп Ноу“ по доаѓањето од Валенсија.
За Муса Сисоко постои одреден интерес и од Реал Мадрид и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА