По преспиената бурна ноќ низ Битола, во која „пелистерци“ беа пречекани како херои по финалето во Купот на Македонија, капитенот Филип Миленковски очекувано не може да ја сокриеа возбудата од освојувањето на трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Пелистер по изведувањето на пеналите беше подобар од Шкендија стигнувајќи до толку посакуваниот трофеј, кој во градот на конзулите се чекаше цели 16 години…
„Пелистер и Битола долго го очекуваа ова финале. Успешната сезона ја крунисавме со пехар во Купот, одигравме одлично против добра екипа, минатогодишен победник во Купот, но сепак нашите мисли единствено беа насочени кон финален успех на овој меч. Сите играчи ја посакувавме победата, знаевме дека ќе биде тешко, но и среќата во пенал-рулетот беше на наша страна за заслужена радост… Пресреќен сум што донесовме радост за сите спортски вљубеници од Битола и сите наши сограѓани. Го заслужија тоа“ – ни изјави по триумфот во финалето, Филип Миленковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА