Веќе нема никакви дилеми, Монако е новиот шампион во француското првенство, прекинувајќи ја серијата од четири титули на тимот на ПСЖ. „Кнезовите“ вечерва славеа над Сент Етјен со 2-0, сосема доволно за да си создадат недостижни „плус шест“ и импресивна гол разлика 104-29 во однос на „светците“ на едно коло до крајот.
Вечерашниот гол за победа беше дело на Килијан Мбапе, со што француското чудо од дете уште еднаш покажа дека е неверојатен талент, за кого неслучајно најголемите европски клубови се подготвени да платат и до 100 милиони евра. Конечните 2-0 беа дело на Жермен во 93. минута на асистенција на Лемар.
Mbappe Kylian Goal – AS Monaco 1 – 0 Saint… by fabiolafarrelly
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА