Пелистер по 16 години е повторно со трофеј во раце. Го донесе Наџи Шенсои, предводејќи го „зелено-белиот“ тим, предводен од голманот Илче Петровски, кој беше херој при пенал – серијата, успевајќи да го одбрани шутот на Бесарт Абдурахими. За Пелистер, секако, огромен успех, ако се знае дека минатата сезона беше во Втората лига, и тоа пред испаѓање, па преку бараж влезе во Првата лига.
Тренерот Наџи Шенсои, секако, неизмерно среќен по освојувањето на пехарот. Но, и реален, дека фортуната беше на страната на „зелено-белите“. Пенал-рулетот мора на некого да му пресуди, а другиот се радува.
„Ние бевме поконцентрирани при изведувањето пенали, не послужи и среќата, и успеавме да го освоиме трофејот. Среќен сум за тимот, но и за мене…Ова ми е трета – среќа. Бев во финале и во Бугарија, и во Албанија, но ги губев мечевите. А радоста е уште поголема, кога ќе победите голем тим. Шкендија е голем тим, со квалитетни фудбалери, Хасанои, Абдурахими, Жуниор…Но, успеавме да ги неутрализираме, и на тој план бевме одлични“, изјави Наџи Шенсои по триумфот на Пелистер во 25.финале од Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА