Пелистер го освои својот втор трофеј во Купот на Македонија, а клучниот погодок во пенал-рулетот го постигна Баже Илијоски, одличниот голгетер кој важи за своевиден „експерт“ во ова натпреварување, со пет трофеи со три различни екипи. Илијоски по мечот не го криеше задоволството од огромната победа, тврдејќи дека таа е целосно заслужена со оглед на бројот на шанси што битолчани ги создадоа на ова големо финале.
„Шкендија можеби имаше иницијатива, но ние имавме концепт на игра, создадовме повеќе конкретни шанси. Оние нереализирани шанси не ни ја разнишаа самодовербата и останавме фокусирани кога беше најпотребно. Мислам дека заслужено победивме, во пенал-рулетот секогаш треба и среќа, но ние ја заслуживме оваа победа. Сега цела Битола може да слави. Јас сум искусен, не се откажувам така лесно по промашувањата, ја презедов одговорноста и го погодив клучниот пенл. Се уште сум без пораз во финалињата од Купот на Македонија, се надевам дека и во иднина ќе ја продолжам оваа своја серија“ – изјави Илијоски по големиот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА