Во ложата на стадионот „Младост“ во Струмица бројни лица од фудбалот… Финалето од Купот го следат и легендите на Пелистер, Митко Стојковски и Тони Мицевски. На трибините е идниот тренер на Шкендија, Ќатип Османи, но и поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз, како и бројни фудбалски имиња од источниот регион на Македонија.
А, во ложата и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој е во друштво на водечките луѓе на двата клуба. Од едната страна, главниот финансиер на Пелистер, Орце Камчев, а од другата претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети… Ѓорѓиоски на средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА