Финалето на Купот на Македонија е прекинато во 55.минута, откако судијата Александар Ставрев по сугестија на делегатот Васко Дојчиновски одлучи да ги повлече фудбалерите на Шкендија и на Пелистер во соблекувалните. Поради извици на национализам, истакнување на албански знамиња од страна на „Балистите“, но и навредливи скандирања на национална основа од страна на „Чкембарите“, мечот е привремено прекинат.
Вакви најави имаше од ФФМ во текот на денешниот ден, откако на техничкиот состанок беше решено да има прекин, по испочитување на правилото на УЕФА во три чекори: опомена, привремен прекин на мечот и потполно одложување.
Во моментов на прекинот на стадионот „Младост“ во Струмица пристигнаа пет автобуси на навивачката група „Чкембари“ од Битола кои конечно ја исполнија трибината резервирани за битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА