Ќатип Османи, сегашниот тренер на Ренова, но и многу веројатно идниот стратег на Шкендија, ќе го следи финалето на Купот на Македонија на стадионот „Младост“ во Струмица. Тој дел од времето пред стартот на мечот го мина токму со челниците на Шкендија, што јасно асоцира дека треба да биде назначен за нов тренер на овој тим, по официјалното завршување на сезоната.
Шкендија ја почна сезоната со Бруно Акраповиќ,кој го предводеше тимот во Лигата на Европа, потоа го наследи Јетон Беќири, а во зимскиот преоден рок пристигна и Германецот Томас Брдариќ. Но, и тој ја напушти клупата на Шкендија, па сезоната ќе ја заврши Ерхан Селими како прв стратег.
Од следната сезона, Ќатип Османи треба да биде решението за шеф на стручен штаб на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА