Делегација на Јувентус како финалист на Купот на Италија вчера беше свечено примена во Ватикан од страна на Папата Франциск, кој за подарок доби и дрес од „старата дама“.
Како што јавуваат медиумите, Франциск на фудбалерите на двата тима им порачал дека „имаат одговорност да бидат добар пример на младите луѓе и да шират вредности како хуманост, лојалнот и искреност“.
Папата Франциск важи за голем љубител на фудбалот и во својата татковина е приврзаник на екипата на Сан Лоренцо. Иако искажал благодарност за дресот на Јувентус, тој не крие дека омилен клуб во Европа му е Реал Мадрид, уште од времето кога дресот на „кралевите“ го носеше Ди Стефано, најголемиот фудбалски идол на Франциск.
„Папата е благодарен за дресот на Јувентус, но се знае за кого ќе навива во финалето од ЛШ. Впрочем, тој ќе го гледа мечот во Кардиф облечен во бело“ – на шега коментираат во Ватикан, а пренесуваат италијанските и шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА