„Граѓаните“ долетаа на третото место, пред вратите на ЛШ

Манчестер сити го совлада ВБА со 3-1 на „Етихад“ и на едно коло до крајот на англискиот шампионат се смести на третата позиција на табелата која води директно во групите од ЛШ следната сезона. „Граѓаните“ сега имаат 75 бода, два повеќе од Ливерпул и три од Арсенал, а во последното коло ќе му гостуваат на Ватфорд, надевајќи се дека ќе ја потврдат оваа позиција.

Габриел Хесус во 27.минута го отвори резултатот во корист на тимот на Пеп Гвардиола, а Кевин Де Бруин само две минути подоцна зголеми на 2-0.

Јаја Туре во вториот дел го постигна третиот погодок за „граѓаните“, а Робсон – Кану беше стрелец на почесниот гол за ВБА на овој меч.

Manchester City vs West Bromwich 3-1 All Goals… by YNWAHDHal Robson-Kanu Goal Manchester City 3 – 1 WBA… by Score5

Се вчитува...