Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез најверојатно нема да може да им помогне на соиграчите за утрешното гостување на Реал Мадрид против Селта во Виго. Тоа е одложениот натпревар што „кралскиот клуб“ треба да го одигра во пресрет на последното коло кое е на програмата претстојниов викенд.
Хамес Родригез доби силен удар во десната нога на дуелот против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“ и не го одработи вчерашниот тренинг со тимот, па неговиот настап е неизвесен.
Реал Мадрид и Барселона имаат по 87 бода на врвот на табелата во Примера, но „кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку, токму одложениот дуел со Селта во Виго. Во последното коло, Барселона на домашен терен го пречекува Еибар, а Реал Мадрид игра на гости против Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА