„Стотка“ за Реал Мадрид осум сезони во низа

Реал Мадрид со вчерашната победа од 4-1 над Севилја стигна до бројката од 100 постигнати гола во Примера дивизион, и тоа осма сезона во низа. Оваа фантастична серија почна од сезоната 2009/10 кога Кристијано Роналдо пристигна на „Сантијано Бернабеу“. Реал оттогаш редовно постигнува минимум 100 погодоци во шпанското првенство, а Португалецот со двата гола против Севилја стигна до 401. гол во „кралскиот“ дрес.

Стотиот погодок за Реал сезонава беше дело на Тони Крос, со што „кралевите“ им се придружија на Монако и Барселона, кои до троцифрената бројка стигнаа неколку натпревари порано.

Со овие три бода Реал повторно се изедначи со Барселона на врвот на табелата, и двата тима имаат по 87 бода, но Реал има натпревар помалку, а против Селта и Малага им треба најмалку четири бода за да го обезбедат трофејот кој е наменет за шампионот на Шпанија.

Се вчитува...